Во Јакутија се појави прецизна реплика на ловецот на Лук Скајвокер од „Војна на ѕвездите“ (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во јакутскиот парк „Урдел“ се појави прецизна макета на ловецот T-65 X-wing. Со бродот во вселената на „Војна на ѕвездите“ управува Лук Скајвокер.

Автори на макетата се локални косплеери и големи обожаватели на универзумот од тимот на JUST AYAAL. За изработка на ловецот им беа потребни повеќе од 3 месеци.

Ентузијастите потрошија многу време на пресметка на моделите и проектирање и како резултат добија детална макета што може да се види од сите страни, па дури и да се допре. JUST AYAAL планираат наскоро да ја завршат инсталацијата на ловецот на Лук Скајвокер со изработка на дроидите R2-D2 и C3PO, пишува games.mail.ru.