Огромен графит со вселенскиот брод „Милениумскиот сокол” од филмовите „Војни на ѕвездите“ се појави на покривот на „Авиапарк“, еден од најголемите трговски центри во Москва. Тим од петмина уметници го заврши муралот за шест дена, така што беше подготвен за премиерата на продолжението „Соло: Приказната на Војните на ѕвездите“ која во Русија се одржа на 24 мај.
Сликата покрива површина од 587 квадратни метри и го претставува фиктивниот вселенски брод на Хан Соло во размер 1:1. За овој графит, кој изгледа тродимензионално, со оглед на тоа дека е работен во посебна сликарска техника, потрошени се 150 литри боја.
„Ако гледате одозгора, имате потполно чувство дека овој вселенски брод штотуку слетал или дека ќе полета секој момент“, коментираше Сергеј Мун, претставник на групата уметници која го сработи графитот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче