ВИДЕО: Погледнете кадри од одморот на Путин и Шојгу во тајгата

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Првпат беа прикажани кадри од годинашниот одмор во тајгата на претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Видеото беше прикажано на каналот „Русија 24“.

На видеото се гледа како претседателот лови риба, се разодува во планината, плови по реката со чамец и спие в шатор, пишува „Росијскаја газета“.

Голем впечаток на Путин му прави и неочекуваната средба со елени. „Просто огромни елени. Такви немам видено... За малку ќе нé удреа. И со таква огромна брзина“, вели Путин.

А Шојгу е изненаден од каминот во шаторот на претседателот.

„Овој камин, патем, грее, не се смејте. Грее, погледнете“, истакнува Путин.