Како Путин и Шојгу го поминаа првиот пролетен викенд во тајгата (ФОТО)

kremlin.ru
Разгледување дрвени ракотворби, возење во возило за тешки терени и чајанка среде шума со домат за ужина. Погледнете како претседателот на Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу го поминаа викендот.

Претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу се наоѓаат во мала дрвена куќа. Шојгу в рака држи гранка од дрво, а претседателот внимателно набљудува.

„Ако ја свртиме, ќе добиеме мал бор“, објаснува Шојгу. Претседателот зема друга гранка, која потсетува на рог од елен, ја врти во рацете и ја враќа назад.

Тоа беше еден од деталите на викендот на 20 и 21 март 2021 година кој Владимир Путин го помина во тајгата во Република Тува. Министерот за одбрана му ја покажа на претседателот својата лична работилница за обработка на дрво, заедно прошетаа по тајгата и се повозија во возило за тешки терени со кое управуваше Путин.

Путин и Шојгу исто така поминаа преку висечки мост над река. Притоа Путин фрли паричка во водата. Според верувањето, човекот ќе се врати на она место каде што ќе остави паричка.

Заедно со Шојгу претседателот низ двоглед ги набљудуваше дивите животни.  

„А онаму стои елен. Вратот му е црн, а другото крзно сиво. <...>  Малку подалеку се чини спие срна“, му рече министерот за одбрана на претседателот.

По прошетката претседателот и министерот приредија мала чајанка среде шумата. Испија чај од термо-шолјите седејќи на клупи покриени со крзно, додека на масата беа сервирани домат, краставици, ротквица, сланина и колбаси.

„Нели е убаво? Навистина добро место”, рече претседателот во текот на ужината.

Во текот на одморот Путин и Шојгу променија неколку варијанти на облека, но на повеќето фотографии претседателот носи светлосмеѓ комплет од овча кожа. Руската телевизија „Дожд” пронајде слични комплети на сајтот на „Работилницата за кожа и крзно” во Санкт Петербург. Се шијат по нарачка и чинат околу 70 илјади рубли (940 долари).

На 22 март портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека облеката била од домашно, сибирско производство.

„Во Сибир нема да си поминете убаво во обични пантолони, чевли и капут”, објасни Песков.

За време на брифингот новинарите го прашаа Песков дали Путин го понел со себе „нуклеарното куферче”, а портпаролот одговори вака:

„Сите неопходни средства за комуникација, вклучувајќи и за стратешка врска, се непрекинато со претседателот, независно каде е тој, дали на територијата на Руската Федерација или во некоја странска земја“.

Путин често го поминува одморот или викенд во оддалечените краеви на Русија. Може да се каже дека Тува е еден од омилените региони за одмор на претседателот. Познатата фотографија на коњ без маичка исто така е направена во тие краишта.  

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња