Каков теренец возеше Путин во Сибир? (ФОТОГРАФИИ)

Kremlin.ru
Ова теренско возило може да минува низ најнепристапните места во Русија, како и да плови преку реки и езера.

Теренецот што претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу го избраа за својот неодамнешен викенд во Сибир се вика ГАЗ-3351 или едноставно „Лос“.

Во прашање е модификација на шведскиот модел Hagglunds BV-206, еден од најчесто користените теренци од овој вид во светот. Направен е 1974 година и толку добро се покажа што набрзо се прошири во цела Скандинавија, потоа во САД и Канада, па дури и во Кина.

Руската компанија „Заволшка фабрика за гасенични трактори“ во 2012 година ја купи лиценцата за производство на моделот BV-206 и внесе низа сопствени модификации за да може ефикасно да се користи возилото на руски терен.

„Лос“ веќе долго време се користи во Русија. Во своето работење секојдневно го користат компании како „Гаспром“, „Лукоил“, „Росатом“ и други.

Руски „Лос“

Возилото е дизајнирано да превезува луѓе, товар или различна специјална техника во посебно сурови климатски услови и на недостапен терен. Наменет е за ловци, риболовци, нафтени компании и љубители на активен одмор како што се Путин и Шојгу.

Гасенично теренско возило ГАЗ-3351 „Лос“ со два споени отсека.

Спасувачите го ценат ова возило поради високата проодност низ водени површини и мочуришта благодарение на специјално обработените широки гасеници. Двата модула на ГАЗ-3351 имаат едноделни гасеници од гума армирани со кевлар, благодарение на што можат да се движат и по асфалт и по непристапен терен. „Лос“ може да се користи на температури од -40 до +50 степени Целзиусови и до 4500 метри надморска висина.

Гасенично теренско возило ГАЗ-3351 „Лос“ со два споени отсека.

Предниот дел има клиренс 350 милиметри. Тоа е возило-амфибија со каросерија од посебен материјал кој ја потиснува водата. Го движи дизел-мотор со компресор од 183 КС и запремнина од 3,2 литри.

Троши од 50 до 100 литри на 100 километри во зависност од видот на теренот и оптоварувањето. Низ вода се движи со 3 км/ч, а на асфалт, и воопшто на суво, развива брзина од 55 км/ч.

Гасенично теренско возило ГАЗ-3351 „Лос“ со два споени отсека.

На возилото можат да се приклучат дополнителни модули направени по нарачка. Постојат десетина различни основни конструкции: од патнички модул за 11 лица до специјални противпожарни и медицински модули.

Денес може да се набави возило ГАЗ-3351 „Лос“, но тој гасеничен теренец чини најмалку 8 милиони рубли (околу 110000 долари).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња