Еден човек го помина Кримскиот мост на покривот на воз. Во текот на возењето тој се движеше префрлувајќи се од вагон на вагон.
На неговата снимка се гледа како возот ноќе поминува преку мостот, а човекот се движи по покривот без никакви проблеми. Кога ќе го помине мостот, возот продолжува да се движи, а слепиот патник ги снима ноќните пејзажи од високо.
Вишиот стручњак за соработка со медиумите на Кримската сообраќајна полиција Михаил Тимофеев за каналот „Звезда“ кажа некои детали за овој настан. Според неговите податоци, се работи за турист од Благовешченск.
„Го снимија камерите на мостот. Не успеа да се врати дома, туку беше приведен. Сега се врши проверка и се разгледува можноста за прекршочна одговорност“, соопшти Тимофеев.
Се истакнува дека туристот што се качи на покривот на возот ги прекршил сите правила за безбедност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче