Мечка на Алтај снимена како уништува ловечка камера

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Мечка од Сајљугемскиот национален парк на Алтај уништи шумска камера која цело време ја снимаше.

Видеото го објави каналот Baza на месинџерот Telegram.

Вработените во националниот парк велат дека ова е веќе трета фото-стапица која настрадала од канџите на истата таа мечка.

На објавената снимка „добродушната мечка“ полека ѝ приоѓа на камерата, ја душка, ја допира со шепата и гледа право во објективот.