Видео: Мече се изјазува три метри на дрво и краде мед од диви пчели

Global Look Press

Вработените во националниот парк „Башкирија“ поставија на едно дрво видеокамера која сними мече како на висина од три метри се слади со див мед од шуплина во стеблото.

Видеото е објавено на страницата на националниот парк „Башкирија“ на популарната социјална мрежа „Вконтакте“.

„Би можел малку да се заблажам“, помисли мечето пред да се реши д украде мед од дивите пчели.

Во првите секунди на снимката се гледа како младата мечка со муцката нурната во дупката се слади со медот од диви пчели. Меѓутоа, очигледно десертот очигледно не беше доволен, па реши уште малку да се изјази, но не пронајде уште една шуплина во стеблото.

Местото на веселиот настан за мечето, а тажен за пчелите, е шумата во националниот парк „Башкирија“. Мечката во потрага по мед се изјази на висина од три метри, напишаа вработените во националниот парк под објавената видеоснимка.

Националниот парк „Башкирија“, кој се протега на површина од преку 80 илјади хектари, е отворен 1986 година. Во паркот живеат мечки, волци, лисици, диви свињи, зајаци, лосови и други животни. Овде можат да се сретнат животни од Црвената листа на Меѓународната унија за заштита на природата како што се речната видра, градинарски сонливец, барски лилјак и европски визон.

Прочитајте повеќе: Необичен случај од руската тајга: Мечка нападна момчиња па случајно ги спаси

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња