Во Русија мечка им грабна раженчиња на туристи (ВИДЕО)

Скриншот

Во близина на рускиот поларен град Норилск во планинскиот масив Хараелах се наоѓа клисурата Црвени камења, добро позната на сите локални љубители на природата. Длабокото чисто езеро, водопадот и планините отсекогаш привлекувале патници.

Клисурата најчесто ја посетуваат љубителите на активниот одмор. Таму уживаат во чистиот воздух, убавите глетки и качувањето по карпи.

Меѓутоа, овој пат на една група млади луѓе која правеше скара во природа, задоволството им го расипа една млада мечка која одненадеж дотрча од шумата.

На снимката на инцидентот се гледа како мечката, која ни најмалку не ја збуни распалениот оган, ровари по ќесињата со храна и се слади со раженчињата. Излетниците кои мечката ги растера ја снимаа скриени во грмушките.

Откако се најаде, мечката се врати во шумата, за среќа без да ги гибне луѓето.

Очевидците велат дека мечето потоа се упатило кон друга група излетници која не го уплашила туку добро го нагостила. Велат дека на други излетници кои го сретнувале им кажувале дека тука се шета едно мече, но дека нема никого вознемирено ниту пак одвратено од излет.

Министерство за вонредни состојби на Русија предупреди дека средба со млада мечка е многу поопасна затоа што во близина секогаш се наоѓа мајката-мечка. Мечињата се љубопитни, а мечката следејќи си го инстинктот ги штити младите. Покрај тоа, упатените велат дека мечката обично не е агресивна и самата редовно се обидува да избегне средба со луѓе.

Прочитајте повеќе: Што можат Русинките: Во Московската зоолошка градина чистачка со метла смири бела мечка (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња