Во Русија живее мечка што сака автомобили (ВИДЕО)

Скриншот, Youtube канал на националниот парк „Земјата на леопардите“
При проверка на шумските камери на територијата на Националниот парк „Земјата на леопардите“ беа пронајдени уникатни снимки. Овој пат во објективот на камерата се најдоа хималајска мечка, амурски тигар и неколку други животни.

'Рѓосаната кабина на советски камион ГАЗ-66 со децении стои во шумата. Кога ја пронајдоа, научниците сакаа да дознаат дали таа како објект ги привлекува дивите животни.

Кабината особено ја засакала една хималајска мечка, која во неа помина неколку часа. Тука јадеше, се криеше од сонцето и од дождот. Во неа престојуваа и амурски тигар, верверички и птици.

Како што објасни соработникот на одделението за наука на националниот парк „Земјата на леопардите” Глеб Седаш, оваа кабина не случајно популарна меѓу животните:

„Кабината на камионот се издвојува во шумското опкружување и локалните жители лесно ја забележуваат. Тие веќе се навикнаа на овој необичен објект. Предмет што луѓето го заборавиле може да игра улога на маркер, каде животните оставаат урина и влакна од крзното, разменувајќи на тој начин информации за нивниот вид, полот и возраста. Маркерите можат да содржат најразлични информации, на пример, во случај на потрага по партнер или на тој начин може да се обележува територијата“, изјави Седаш, се наведува во соопштението.

Погледнете повеќе: Во Русија мечка им грабна раженчиња на туристи (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња