ВИДЕО: Во Русија падна првиот летен снег

На Јамал, во средата, 2 јуни, беше регистриран првиот летен снег. Видеото го објавија жители на селото Сабета на „Јутјуб“.

Од снимката се гледа паркинг на технопарк на кој има најмалку 10 см снег и продолжува да паѓа. Како што соопштува „Вести. Јамал“, ваквото време тука не е реткост – не е првпат во текот на јуни да паѓа снег во селото Сејаха. За првиот снег раскажаа и жителите на Салехард, пишува „Лента“.

„Лето без снег е лоша традиција“, пишува еден од корисниците на социјалната мрежа „ВКонтакте“ во групата In Salekhard.ru под снимката со снегот.

Претходно раководителот на лабораторијата на Хидрометеоролошкиот центар Људмила Паршина изјави дека во повеќето руски региони температурите во текот на јуни ќе бидат блиски на климатската норма, но не се исклучени и мразеви.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња