Холивудските sвезди често потпишуваат договори за реклама со големи компании, но тоа не е случајот тука.
Оваа палачинкара по називот „Сонцепјок“ (Припек) во градот Улан-Уде во Бурјатија стана позната во рускиот сегмент на интернетот благодарение на необичниот рекламен банер на кој се гледа Силвестер Сталоне покрај руски палачинки со црвен кавијар, додека во позадина се издига православна црква.
HruHruSuperMan/pikabu
„Од дете ги обожувам палачинките на баба“, се вели во рекламата. На дното исто така стои: „Препорачувам! Влезете!“ Покрај тоа, кафе-ресторанот има многу добри рецензии.
Британскиот актер се проба на уште една руска реклама. Тука тој промовира услуга за карго-превоз. „Од леб до цела куќа“ - овие зборови што наводно му припаѓаат на актерот може да се прочитаат на камионите на една московска компанија.
nektovtriko/pikabu.ru
Во сибирскиот град Томск Том Круз рекламира и услуги за карго-превоз. Името на компанијата е, освен тоа, инспирирано од името на познатиот актер: „Том Груз“ („груз“ на руски значи „товар“).
Vsevsaddd/pikabu
Оваа фотографија на „Инстаграм“ ја објави актерката Кејт Бекинсејл со зборовите: „Значи, во духот на неделата на пресврти, започнав свој бизнис со безбедносни камери на Урал. Да, јас сум навистина во тој камион со јајца подготвени на шкотски начин и копач, но само напред!“ Во коментарите нејзините руски фанови веднаш го пофалија овој успех и ѝ порачаа дека сега дефинитивно треба да го посети Магнитогорск.
Киосците за раженчиња се многу популарни во Русија. Погодете кој е честопати заштитно лице на овие услужни пунктови? Па, се разбира, Хју Џекмен во улога на Вулверин со раженчиња нанижани на канџите!
Derk/pikabu.ru
Бред Пит неочекувано стана заштитно лице на кројачка работилница за муслиманска облека во Перм на Урал.
pikabu
Роберт Дауни Џуниор како Ајронмен човек ве поканува да не го одминете овој ресторан за брза храна во Новокузнецк во Сибир. „Стој! Највкусната шаурма е ТУКА!“, стои на рекламата.
GIPestel/pikabu.ru
Тој е исто така ѕвезда на микро-бизнисот во Ростон на Дон. „Оваа баба ги има најдобрите семки“, вели актерот. Како да не му поверувате!
Pikabu/Hedgehog80th
Киосците што изработуваат фотографии за документи често прикажуваат снимки од некои познати личности како пример. Така, тука на пензиската картичка можете да ја видите руската пејачка Ала Пугачева, на рускиот пасош на Жерар Депардје, а на здравствената книшка Хју Лори!
Pikabu/JuliTakJuli
По долга прошетка во московскиот парк „Сребрен бор“, дефинитивно треба да каснете нешто. Но каде? Изборот е очигледен: Кантина бр.33. А ја рекламира никој друг, туку јунаците на „Игра на тронови“.
©Vispetrov
На фактот дека „зимата доаѓа“ нé потсетува билборд за котли на јаглен во Магадан.
Pikabu/vekhter
„Енергијата на твојот дизел во зима“ стои на овој билборд во Рјазањ. Погледнете го прстот на Вин Дизел додека држи шолја кафе.
Pikabu/Banora
Во Благовешченск (на Далечниот Исток на Русија) Џеки Чен, заедно со Шрек и рускиот пејач Филип Кирикоров, рекламира изнајмување сегвеј во забавен парк.
pikabu.ru/katmort
А дали би можеле рамнодушно да поминете покрај колонската вода „Босс“ од градот Минералние Води со Метју Меконахи на етикетата?
obskoy/pikabu