Производителите на сладоледот Alcreme веќе го привлекоа вниманието со својот „сладолед за возрасни“ (со вкусови на различни ликери) и храбрите рекламни кампањи, така што сега ниту расчепатените нозе на девојките не се преголемо изненадување:
Или:
И другите делови на телото...
Што велат за сето ова руските корисници на социјалните мрежи? „Невкусно, медиокритетски, банално, ниско“, пишува еден корисник на „Инстаграм“. Други се надеваат дека компанијата наскоро ќе банкротира.
„Голи непривлечни тела во реклама во 2018 година?! Не можевте да најдете помалку талентирани стручњаци“, прашува друг корисник.
Сепак, некои други луѓе, се разбира, повеќето мажи, застанаа во одбрана на компанијата. „Кампањата ја оствари својата цел. И ми се допаѓа идејата. Во Русија е тешко да направиш било што а да не навредиш некоја феминистка или верник“, пишува branbelarus.
И некои припаднички на понежниот пол ја бранат рекламата. „Навистина се храбри! И кренаа толкав прав. Ако видам ваша продавница задолжително ќе купам сладолед“, пишува ksu_squirrel_.
Вработените на компанијата Alcreme не ни очекуваа дека рекламата толку брзо ќе стане популарна. „Не се надевавме дека ќе ни посветат толкаво внимание, затоа што претходно немаме видено ништо слично. Негативните коментари ги читаме со насмевка на лицето“, вели Никита Шчербаков, директор на маркетинг. И најавува нова серија фотографии...
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче