Дваесет збунувачки руски билборди

Kommersant
Русите ги користат билбордите за да изјават љубов, честитаат роденден и да рекламираат нешто на многу оригинален, понекогаш магловит, изненадувачки, фасцинантен и всушност... нејасен начин. Некои билборди навистина привлекуваат внимание.

1. „Автошкола - Ќе ве научам да возите“

Овој наудрен пилот се претставува како најдобриот инструктор за возење во градот.

2. „Тие ви го земаат и последното“

Пораката звучи многу двосмислено кога стои до знак кој укажува на станица на сообраќајната полиција.

3. „Ковачка работилница“

Детето на овој билборд не ги цени високо услугите на ковачот.  

4. „Станови по достапни цени – Мечта“

Веројатно последните станови во градот во кои луѓето би ги вложиле своите пари.

5. „Кој пцуе мајмун е“

Радикални воспитни мерки...

6. „Сѐ уште не сте ја платиле сметката за топла вода? Тогаш тој доаѓа кај вас. Долг на претпријатие: 15 милиони рубли. Долг на жителите: 30 милиони рубли. Ладната вода не е секогаш полезна за вашето здравје“.

И сето тоа илустрирано со познатата слика „Иван Грозни си го убива синот“!

7. „Посејдон – Утрото не почнува со кафе“

А бевме сигурни дека прво оди кафето!

8. „Купи лаптоп и добиваш бесплатни слушалки“

Дарежливо, нема што. И вицкасто: „получи в ухо“ пред сѐ значи „ќе добиеш тупаница в глава“!

9. „А кој ќе го реновира вашиот стан? Вистинските професионалци се наоѓаат овде“.

Реклама или антиемигрантска порака? 

10. „Метрика – Хипермаркет за градежни материјали за Пушкин”

Поточно за населбата „Пушкин“ во околината на Санкт Петербург. Но, на поетот убаво му стои и дупчалка.

11. „Вервериците се најдобрите соседи“

Веројатно секој жител на руски град би се согласил негови најблиски соседи да му бидат токму вервериците.

12. Салон за убавина - Мерилин“

Некаквo чудно поимање на убавината...

13. „Ние работиме за (на) Лав Толстој“

Рускиот ИТ гигант „Јандекс“ само сакал да каже дека неговото седиште се наоѓа на улицата „Лав Толстој“.

14. „БАРАМ ДЕВОЈКА во син фустан која пиеше кафе во кафулето на киното „Колизеј“ на 30 септември во 15:00 :) – Ќе те чекам таму секој ден во 19:00 :)“

Русин вљубен до уши не ги штеди парите.

15. „Знае Русија, знае Самара, девојката Катја е повкусна од павлака“

Ајде што знае цела Русија, ама Гарфилд?

16. „Жења, ти си ми најдобaр“

И руските девојки знаат како да ги изненадат своите мажи.

17. „Среќен роденден, другар!“

И пази се од топлотен удар.

18. „Доаѓа зимата – Попуст на сите бунди“

Кога продавачите знаат што е во тренд и како да го искористат тоа.

19. „Имате право да испратите сѐ – Пошта на Русија“

Храбра порака... Затоа што по „всё послать“ (да испратиш сѐ) Русинот задолжително додава нешто полошо од зборовите „по ѓаволите“.

20. „Ги молиме патниците веднаш да почнат да се бакнуваат за да полета авионот на време“

На аеродромот Домодедово даваат правни совети.

Прочитајте повеќе за рускиот хумор: како реагираа Русите на лансирањето на автомобилот на Илон Маск во вселената

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња