Мечка се обиде да продре на пограничниот патролен брод „Воровски“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Дивиот ѕвер некое време се „моташе“ околу бродот закотвен во Петропавловск-Камчатски.

Кафеава мечка се обиде да се качи на познатиот брод на крајбрежната стража „Воровски“ во Петропавловск-Камчатски. Животното го забележаа граничарите во заливот во близина на бродот.

Некое време мечката пливаше околу бродот закотвен на молот и внимателно го разгледуваше, небаре кроеше план како да го „освои“ и да продре на негова територија.

Набргу почнаа да се собираат минувачи на брегот, така што неканетиот гостин, откако добро размисли, сепак реши да се повлече. Разочарано се сврте и отплива кон Виључинск.