Љубопитна мечка посакала да се запознае со туристи и ги спотерала на карпа

Bodo Marks / dpa/Global Look Press
Во рускиот Национален парк „Столбови“ на територијата на Краснојарскиот крај тројца туристи избегале од мечка на карпа.

Според податоците на регионалната организација „Спасител“ инцидентот се случил во понеделникот, 30 септември. Три лица се враќале од подрачјето на „Централниот столбови“ кога забележале дека ги следи мечка. Туристите толку се исплашиле што се искачиле на најблиската карпа наречена „Ѓаволски прст“ и ги повикале спасувачите кога откриле дека не можат да се симнат, пишува „Комсомолскаја Правда-Краснојарск“.

На местото на настанот пристигнале ловочувари и спасувачи. Тие ја избркале мечката со помош на сигнални ракети, им помогнале на туристите да се симнат и ги придружувале до излезот од паркот.

Спасувачите претпоставуваат дека станува збор за млада и неискусна мечка која, од љубопитност сакала да ги запознае луѓето подобро и не сакала да ги нападне.

Рускиот парк на природата „Столбови“ се наоѓа во Краснојарскиот крај на северозападните падини на Источните Сајански планини. Негова главна знаменитост се карпите. Овој парк е дом на ретки видови птици: златен орел, степски сокол, сив сокол и други.

Погледнете повеќе: Во Русија мечка им грабна раженчиња на туристи (ВИДЕО)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња