Русија ги затвори границите поради коронавирусот. Што конкретно значи тоа?

Начин на живеење
ВИКТОРИЈА РЈАБИКОВА
Ограничувањето е воведено на месец и половина. Погледнете за кого нема да важи тоа, т.е. кој сепак ќе може да влезе во земјата.

Што се случи?

Владата на Руската Федерација донесе одлука поради ширењето на коронавирусот да го ограничи влезот на странци и лица без државјанство на територијата на земјата. Ограничувањето стапува во сила на 18 март и трае до 1 мај. Ова соопштение  е објавено на сајтот на Владата на Русија.

На кои земји се однесува ограничувањето?

Ограничувањето се однесува на сите земји, вклучувајќи ги и земјите на Европската унија и Заедницата на независни држави.

Јас сум дипломат. Дали тоа значи дека ни јас не можам да отидам во Русија?

За одделни лица ограничувањето не важи. Тоа се:

А како стојат работите со приватните лица?

Приватно лице може да влезе во земјата само ако има веќе одобрен престој во Русија. Забраната исто така не се однесува на патниците на авионите кои на враќањето дома преседуваат во Русија.

Покрај тоа, Владата дозволи влез во земјата за лица кои доаѓаат во Русија на погреб на членови на семејството.

Во сите останати случаи преминот на границата ќе се третира како нелегален и ќе подразбира парична казна во висина од 200000 рубли (2668 долари) или принудна работа и казна затвор до две години.

Ако јас имам престој и пристигнав во Русија, дали тоа значи дека сум слободен?

Воопшто не значи. Ако сте допатувале во Москва од една од земјите од списокот подолу, тогаш и вие, и луѓето кои живеат со вас, морате да поминете 14 дена во самоизолација, т.е. не можете да одите на работа, на предавања и воопшто на јавни места. Еве го списокот на тие земји:

 

Покрај тоа, „Роспотребнадзор“ објави одлука согласно која од 16 март сите руски региони со исклучок на Москва ќе ги тестираат за коронавирус граѓаните кои пред две недели допатувале од земјите на Европската унија.

Ќе бидат тестирани и сите лица со симптоми на вирусна респираторна инфекција кои во текот на изминатите месец дена допатувале од странство.