Модерен мобилен здравствен центар во рамки на мерките донесени за борба против коронавирусот со 500- 600 кревети, од кои 250 ќе се наоѓаат на интензивна нега, ќе биде изграден во Нова Москва во рок од еден месец, рече градоначалникот на рускиот главен Сергеј Собјанин во обраќањето до претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува новинската агенција TACC.
Градоначалникот го запозна претседателот со изградбата на новиот информациски центар за следење на ситуацијата во врска со коронавирусот во земјата и светот и притоа стави акцент на современиот мобилен блок кој ќе го сочинуваат помеѓу 500 и 600 кревети од кои 250 ќе се наоѓаат на одделението за интензивна нега и ќе бидат снабдени со најсовремена опрема на највисоко технолошко ниво.
Градоначалникот наведе дека новиот објект се гради и покрај тоа што во рамките на постојната болничка мрежа се веќе развиени дополнителни капацитети.
Како што рече Собјанин, центарот ќе биде сместен на 70 илјади квадратни метри и ќе располага со 15 илјади единици медицинска техника, ќе има болнички корпус, корпус за персоналот и сл.
На терен се работи со забрзано темпо, веќе три дена таму се ангажирани околу две илјади работници, се подготвуваат темелите, се проектира, се купува медицинска опрема, наведе Собјанин.
Како што најави тој, болницата ќе биде изградена во наредните месец дена и не е наменета само за оваа ситуација, туку ќе се користи со години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче