Пес во Русија 15 години го чува споменикот на загинатите сопственици

Сликата e симболична

Сликата e симболична

Arco Images GmbH/Global Look Press
Во Московската област еден пес веќе 15 години живее близу споменикот подигнат на сопствениците кои загинале во сообраќајна несреќа.

На патот близу селото Јакимово е поставена мермерна плоча со ликовите на маж и жена кои загинале тука 2004 година, пишува порталот „Подмосковје сиводња“. Нивните роднини не сакале да го преземат песот, туку го врзале покрај споменикот. Песот поминал тука една недела, а потоа некој го ослободил. Тој, меѓутоа, не сакал да си оди оттаму. Напротив, почнал да го брани споменикот.

Мештаните раскажаа за порталот дека редовно го хранат подмосковскиот „Хатико“. Му направиле и затоплена куќарка. Песот е недоверлив спрема луѓето, лае и се трга од нив. Пред неколку години му се придружил уште еден пес без сопственик и сега тие заедно живеат покрај споменикот, секој во својата куќарка.

Според кинологот Сергеј Фокин, кој го организираше подмосковското прифатилиште за кучиња „Гвардија“, ваквото однесување може да се објасни само со големата љубов спрема сопственикот. Тој истакна дека на скитниците им е посвојствена верноста отколку на домашните миленичиња.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња