Како е да се живее на НАЈСТУДЕНОТО место во Русија? (ФОТО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Дали сте знаеле дека Русија е повеќекратен рекордер кога станува збор за студенилото?

Дали некогаш сте виделе што се случува со стварите на -50 степени Целзиусови?

Јакутија е најголем регион во Сибир кој зазема една петтина од руската територија. Тоа е исто така и најстудената република во земјата. Во многу нејзини краишта назима (од октомври до април) температурата паѓа под -50 степени. Но, на кое место е навистина најстудено?

И двата светски рекорди за најниска забележана температура на светот (освен Антарктикот) ги држи Јакутија. Но, за разлика од Антарктик, на кој не живеат обични луѓе, во јакутските населени зелени места луѓето живеат во текот на целата година и покрај студенилото.

Денес две места се во конкуренција за титулата на најстудено место на планетата: селото Ојмјакон (со 500 жители) и градот Верхојанск (нешто над 1.100 жители). Температурата во овие места се разликува за околу 0.1 степен.

Во 1892 година во Верхојанск беа забележани 67.6 степени, додека во 1933 година термометарот во Ојмјакон покажа -67.7 степени Целзиусови. Но, според неофицијалните податоци на други метеоролози, во 1926 година во Ојмјакон температурата паднала на дури -71.2 степени Целзиусови.

Како и да свртите, тука е мошне студено, а мразот брзо ја зема власта. Во август надвор може да биде и 30 степени Целзиусови, а веќе во септември температурата да падне под нулата. Просечната температура на овие две локации од ноември до февруари е -45!

Парадоксално, Ојмјакон значи „никогаш незамрзнат“ на јазикот на Евените, староседелци од Јакутија. Во овој реон навистина можете да видите подземни реки кои никогаш не замрзнуваат, дури ни на -60.

Локалните жители се исто така отпорни на мразот. Овие јакутски коњи се чувствуваат добро на температура од +40 до -60.

Некои жители на Јакутија дури и ги забавуваат измрзнатите туристи така што се „капат во снег“.

Но, посетителите кои не се навикнати на вакво екстремно студенило веднаш добиваат типична јакутска „шминка“.

Исто така треба да водите сметка за своите мобилни уреди. Светскиот патник Иљја Воскресенски ви советува телефонот секогаш да ви биде наполнет, да го држите покрај телото и минимално да го користите на ладното. А, за камерата, која веднаш се покрива со мраз, ви препорачува да направите заштита од полипена со простор за хемиски грејачи.

„Важно е да избегнувате нагло опаѓање на температурата... или камерата веднаш ќе се замагли, а влагата не е добра за неа“, напиша тој на својот Инстаграм, откако учествуваше во екстремната тура до најстудените места во Јакутија под назив „Освојувачи на студенилото“, која започнува на крајот на јануари.

Годинашните учесници забележаа минимална температура од -54 во Ојмјакон, додека во Верхојанск било „само“ -50.5. Имале среќа!