Иља Пестерев, учесник на првиот меѓународен маратон на „ледениот пол“, како уште го нарекуваат Ојмјакон, најстудената населба на планетата Ојмјакон, истрча 38 км на температура од минус 52 степени.
На Иља за таа дистанца му требаа 3 часа и 53 минути. Учесници во трката беа поборници за здрав начин на живот, како и шампиони на Русија и Република Јакутија.
Трката почна во 11 часот. Наутро температурата на воздухот изнесуваше -52°C, а подоцна се искачи до - 49 степени. Сите учесници дотрчаа до целта. Аматерите истрчаа пет километри, а искусните маратонци од 10 до преку 30 км, велат организаторите на првиот маратон „Ледениот пол – Ојмјакон“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче