Путин: Првпат во историјата Русија стана водечка земја во сферата на вооружувањето

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
И покрај тоа, Москва никого не загрозува и никому не му ја наметнува својата волја, нагласи рускиот претседател.

Русија за прв пат во историјата стана светски лидер во сферата на вооружувањето областа, изјави во средата претседателот на РФ Владимир Путин во годишното обраќање пред Федералното собрание.

„Ние никому не му се закануваме и не тежнееме да ја наметнеме својата волја, но секој нека биде сигурен дека нашите чекори насочени кон јакнење на националната безбедност се направени благовремено во доволна мера“, истакна тој.

Според Путин, Русија во моментов е водечка земја во сферата на развој на модерно оружје. „За прв пат, потенцирам, во историјата на ракетно-нуклеарното вооружување, вклучувајќи го и советскиот период и современото доба, никого не достигнуваме. Напротив, останатите водечки држави во светот допрва треба да го направат оружјето кое Русија веќе го поседува“, рече Путин.

Тој истакна дека одбранбената моќ на Русија е обезбедена за следните неколку децении, но „не треба да почиваме на ловорики и да се опуштаме“. „Треба да се оди напред внимателно, следејќи и анализирајќи ги светските настани во оваа сфера, да се развиваат борбени системи и нови генерации на оружје. Денес токму тоа и го правиме“, заклучи претседателот на Русија.