Путин: „Драги колеги, така не може да се работи! Што ви е?“

Kremlin Pool/Global Look Press
Путин ги критикуваше чиновниците: „Само 37,5 илјади места подготвени во детските јасли“.

Во 2024 година Русија треба да достигне стапка на плодност од 1,7 деца по женско лице, а клучниот елемент на новата демографска политика треба да биде обезбедено место во јасли. Ова на 15 јануари го изјави претседателот на Русија Владимир Путин во рамките на своето годишно обраќање пред Федералното собрание.

„Во 2024 година стапката на плодност треба да биде 1,7“, изјави Путин.

Според него, најважното прашање во таа насока е да се обезбедат јасли за децата од најмлада возраст.

„Издвоивме средства од федералниот буџет за да им помогнеме на регионите до крајот на 2021 година да отворат 255000 нови места во јаслите. Меѓутоа, во текот на 2018-2019 година наместо 90 илјади места обезбедени се само 78 илјади. Од нив на располагање на децата се само 37,5 илјади. За преостанатите места сè уште не е добиена лиценца“, изјави рускиот претседател.

„Драги колеги, така не може да се работи! Што ви е?“ Направивте 78 илјади и ни тоа не сте го комплетирале. Ве молам да сторите сè, иако тоа е многу тешко, да го надоместите пропуштеното“, истакна Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња