„[Судбината на Русија] зависи од тоа колку деца ќе се родат во руските семејства по една, пет и десет години, како тие деца ќе пораснат, какви луѓе ќе станат, што ќе направат за развојот на земјата и кои вредности ќе бидат за нив потпора во животот“, рече рускиот претседател.
Путин истакна дека малите плати на голем дел од руските семејства со деца се директна закана за демографската иднина на Русија.
„Се соочуваме со голем проблем за нашата демографска иднина. Тоа се ниските примања на голем дел од нашите сограѓани, семејствата. Според различни процени, околу 70-80 отсто од семејствата со ниски примања се токму семејствата со деца. Дури и кога двајцата родители работат, примањата се многу скромни“, рече Путин.
„Сега сме речиси 147 милиони луѓе“, додаде тој, истакнувајќи дека земјата се наоѓа во многу тежок демографски период. Наталитетот е повторно во опаѓање, констатира тој.
Демографските прогнози во моментов се негативни и мораме да ја поправиме таа ситуација до средината на третата деценија на овој век, рече Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче