Обраќање на Путин до Федералното собрание, 15.01.2020.
Kremlin Pool/Global Look Press„Знам дека во нашето општество се дискутира за воведување на уставна одредба според која едно исто лице не може да биде претседател на Руската Федерација повеќе од два последователни мандати. Не сметам дека тоа прашање суштински важно, но се согласувам“, рече претседателот Путин во средата обраќајќи се пред Федералното собрание.
Претходно, на големата конференција за новинарите, рускиот лидер изјави дека смета дека е можно да се укине одредбата на Уставот на РФ, според која едно исто лице не може да ја извршува функцијата шеф на државата повеќе од два последователни мандати. Според неговите зборови, таквата формулација „збунува одделни политичари и активисти“.
Путин исто така предложи во Уставот на Руската Федерација да се додаде услов дека кандидатот за претседател мора претходно да живее на територијата на Русија најмалку 25 години и не може да има странско државјанство.
Обраќање на претседателот на РФ Владимир Путин до Федералното собрание, 15.01.2020.
Kremlin Pool/Global Look Press„Предлагам да се фиксира услов според кој [лицата кои се кандидираат за претседател на РФ] мораат претходно да живеат непрекинато 25 години на територијата на Русија и не можат да и маат странско државјанство ниту дозвола за постојан престој во друга земја. И тоа не треба да важи само за периодот на учество во изборите, туку од раѓање“, изјави Путин во своето обраќање пред Федералното собрание во средата.
Уставот на РФ сега пропишува дека за претседател на РФ „може да биде избран државјанин на Руската Федерација... кој најмалку 10 години непрекинато живее во Руската Федерација“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче