Руски ученици одат на училиште на минус педесет

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во училиштата во градот Верхојанск во руската република Јакутија, поради силните мразови, запрена е наставата за учениците од прво до седмо одделение. Останатите ученици ќе посетуваат настава според редовниот распоред.

Ова го изјави вршителот на должноста директор на училиштето Галина Дабанова, пренесуваат руските медиуми.

„Во нашето училиште одат вкупно 207 ученици. Оваа година нагло залади, минатата недела во градот беше околу минус триесет степени. Денес во Верхојанск е педесет и еден степен под нулата и е ветровито“, рече таа, нагласувајќи дека часовите за сите студенти се откажуваат на минус педесет и пет степени.

Според податоците на Управата за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина, денес во 15 часот по локално време температурата била минус 52 степени.

Инаку, Верхојанск и Ојмјакон важат за најстудените населени места во Јакутија. Температурата се спушташе и до 67 степени под нулата, па дури и повеќе.

Прочитајте повеќе: Само -50°C? Училиштата во Русија и понатаму работат