Руската република Јакутија зимава се најде на насловните страници на весниците ширум светот. Првин температурата се спушти до -60 степени Целзиусови, а тамошните жители продолжија да се шетаат, пливаат и возат велосипеди. Потоа девојките од тој крај покажаа што се случува со нивните трепки на ниски температури.
А сега децата од селото Ојмјакон покажуваат дека лесно можат да го поднесат мразот: така што на ниска температура се полеваат со ладна вода! Тоа е нивниот одговор до Леонардо Ди Каприо, кој неодамна на „Инстаграм“ објави снимка за тоа како глобалното загревање и климатските промени предизвикуваат екстремно ниски температури во Ојмјакон.
Пред да се полее со вода, момчето вели: „Здраво, Лео! Ти благодарам што мислиш на нас. Не грижи се, добро сме. Денес дури сјае и сонце. Дојди кај нас, ќе те полиеме со ладна вода. Со среќа!“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче