Руските медиуми брујат: Легендарните „Раце-базуки“ на операциона маса

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Дали најголемите руски бицепси ќе се издуваат како балон?!

Русинот, кој се прослави со огромните бицепси и трицепси и го носи прекарот „Раце-базуки“ и „Попај“, се подготвува да го извади синтолот од рацете, пренесува информативниот портал Mash. Кирил Терешин има силно воспаление.

Според овој извор, Кирил дошол во една московска болница со барање итно да биде опериран. Хирурзите треба да го извадат синтолот и другата синтетика кои тој ги пумпал во рацете со години.