Светот му се смее: „Рускиот Попај исчукан од некое си чиче“

Дневник Малыхи
Неодамнешната борба во октагонот на двајца руски блогери го привлече вниманието на скоро сите светски медиуми. На мегдан излегоа „Рацете-базуки“ и некое сомнително чиче кој се претставува како Олег Монгол, а на градите носи тетоважа на Конор МекГрегор. „Во борбата меѓу синтолот и алкохолот, победи алкохолот“, ја коментираше некој снимката од оваа борба, која за пет дена собра 3,5 милиони прегледи.

Блогерот Кирил Терешин наречен „Раце-базуки“ на Запад го викаат Попај поради бицепсите и трицепсите надувани како балон. Прво Кирил користеше синтол или некоја своја замена за синтол, а кога веќе се прочу и почна да заработува пари од тие раце, тој вгради силикони.

Светот не може да си дојде при себе по неговата тепачка со фрикот наречен Олег Монгол (руски инфлуенсер и инстаграмер со скоро 700000 следачи) кој, благо речено, е исто така далеку од спортот.

MMA Mania, и Sport Bible го нарекуваат Кирил бодибилдер, поради што многу читатели негодуваат.

„Бодибилдер? Срам да ти е, Sport Bible“, пишува Hasan Y?rekli.

„Можам да се кладам дека сака да ги носи торбите од продавница“, додава Енди Голдинг.

„Мислев дека ќе му пукнат рацете“, пишува Мајкл Гакел.

А читател на нашата страница на „Фејсбук“ додава народски: „Сешто држи оваа земја...“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња