Новинарот на весникот The Athletic Џош Грос соопшти на Твитер дека следниот Фјодоров противник ќе биде Квинтон „Ремпејџ“ Џексон. Во моментов Bellator и Rizin Fighting Federation водат преговори за организација на мечот кој може да биде последен во кариерата на „Последниот император“.
Таа борба, судејќи според сѐ, ќе биде главниот настан на турнирот што треба да се одржи на 29 декември во Јапонија.
Фјодор го изгуби претходниот меч на 27 јануари, кога Рајан Бејдер го нокаутираше во првата рунда.
41-годишниот Џексон има 38 победи и 13 порази, а 42-годишниот Емелјаненко 35 победи и 6 порази.