Тренерот на Емелјаненко: „Ова најверојатно беше последниот меч на Фјодор“

Вадим Жернов/Sputnik
Тренерот на Фјодор Емелјаненко Питер Тајсе рече по борбата дека ова најверојатно бил последниот Фјодоров меч.

Тој прецизираше дека во секој случај за него како Фјодоров тренер овој меч е последен и дека тоа му го соопштил на Емелјаненко уште во текот на подготовките во Холандија.

Според зборовите на Тајсе, Фјодор во оваа борба се здобил со исеченица која е зашиена со девет конци, но немало други последици по здравјето. Тренерот, меѓутоа, додаде дека Фјодор и онака има проблеми со повредите на коленото и рамото и дека поради тоа бил подготвен за мечот само 66%. Тајсе е уверен дека по оваа борба „Последниот император“ ќе одлучи да ја заврши кариерата.

Во финалето на Гран-прито „Белатор“ во тешка категорија, легендарниот руски ММА борец, 42-годишниот Фјодор Емелјаненко на почетокот на првата рунда беше поразен со нокаут од 35-годишниот Американец Рајан Бејдер, кој сега е носител на двете шампионски титули на купот „Белатор“ во полутешка и тешка категорија.

Прочитајте повеќе: Фјодор Емелјаненко размислува за завршување на кариерата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња