Фјодор Емелјаненко размислува за завршување на кариерата

Reuters
Легендарниот руски ММА борец сега има 42 години, а во кариерата имаше 43 борби, од кои 38 победи и 5 порази.

Рускиот ММА борец Фјодор Емелјаненко размислува за завршување на кариерата во најскоро време, со оглед на поодминатите години и повредите. Ова тој го изјави за време на тренингот во пресрет на мечот против Американецот Рајан Бејдер.

„Сега сѐ почесто размислувам за заминување. Не затоа што не сакам да се борам или нешто слично. Едноставно годините веќе доаѓаат до израз, а со тоа и повредите“, рече Емелјаненко.

Фјодор има 42 години, а во кариерата имаше 38 победи и 5 порази. Бејдер има 26 победи и пет порази.

Финалниот меч на Гран-прито „Белатор“ Емелјаненко-Бејдер ќе се одржи н 27 ноември во Лос Анџелес.

Прочитајте повеќе за гладијаторите на 21 век: Најопасните руски ММА борци во акција

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња