„Единствено што можам да им кажам на патниците е: жал ми е што не успеав да ги превезам до дестинацијата (во Симферопол). Разговарав со некои од нив кога го обиколував авионот. Им посакувам на сите на повредени брзо закрепнување, здравје и да не се плашат повторно да летаат со авион“, рече Јусупов, пренесува ТАСС.
Претходно екипажот на авионот се врати во Екатеринбург. Авионот А321 на авиокомпанијата „Уралски авиолинии“ што леташе на линија Жуковски-Симферопол, налета на јато птици по полетувањето. Моторот се запали и отпадна од авионот.
vk.com/le.aviateur / Global Look Press
Капетанот на авионот Дамир Јусупов изјави дека не се смета себеси за херој затоа што тој само го сторил она што требало.
Претходно во петокот, 16 август, службите за итни случаи во Подмосковје соопштија дека повеќе од 150 патници на авионот „Ербас А321“ што принудно слета во поле со пченка во близина на градот Жуковски, одбиле да го продолжат патот до Симферопол со авион.
Прочитајте повеќе за овој неверојатен настан: