„Сега стварно верувам во Бог!“: Впечатоци на патници по слетувањето на авион во поле со пченка

Олга Шаврова/TASS
Патниците од летот U6 178 на компанијата „Урaљские авиалинии“, чиј авион на 15 август околу 7 часот наутро принудно слета во поле со пченка, можат да го слават овој датум како свој втор роденден - повеќето поминаа без повреди, претрпувајќи само страв.

Од 233 лица (226 патници и 7 членови на екипажот) колку што имаше во авионот, 55 побарале лекарска помош, од кои 29 се пренесени во болница, а едно лице е хоспитализирано. Порталот „Лента.ру“ ги собра највпечатливите сведоштва на патниците од авионот Airbus A321.

Георгиј Мурзин, втор пилот: „По полетувањето влета птица во моторот. Левиот мотор веднаш се изгаси. Тогаш влета птица и во вториот мотор, вртежите станаа нестабилни, немаше доволно потисок и полека ја губевме висината. Слетавме во едно поле. Командирот го презеде управувањето“.

Артемиј, патник: „Мојот авион падна. Стојам во полето, има повредени. На едно момче му е скршена раката... Неколку пати нешто пукна во моторот, па се обидуваа да го запалат, но почнавме да паѓаме. Се држев за крстот и сега стварно верувам во Бог“, напиша патникот Артемиј на „Твитер“. „Луѓе, јас сум им благодарен на пилотите како и на Бога. И тоа што принудно се спуштивме, а е падинаме е добро, не ја знам многу добро таа терминологија. Ми годи тоа што луѓето се радуваат што останавме живи, фала“.

Олга, патничка:„Прислетувањето двапати силно удривме во земја и веднаш нè изведоа надвор. Патем, што се однесува до птиците, не знам зошто се зборува дека влетале во двата мотора. Бучавата се слушаше само од едната страна, од десната страна каде што се буквите ДЕФ. Кога се спуштивме целиот авион аплаудираше! Им одевме на стјуардите и стјуардесите и ги бакнувавме“.

Анонимен патник: „Отприлика три минути по полетувањето детето ми рече дека видело пламен. Нешто пукна повеќе пати и се гледаше пламен... Тогаш сфативме дека авионот веќе не лета и дека сѐ повеќе се спушта. Пилотите одработија сѐ мајсторски... Во авионот беше тивко, немаше паника, сите молчеа. Кога се спуштивме, некој рече: „Луѓе, слетавме, сè е добро“. Потоа, стјуардот и стјуардесите дејствуваа многу ефикасно. За една минута ги отворија сите странични врати и почнаа сите да нè евакуираат“.

Светлана, патничка: „Седев во петтиот ред. Патниците брзо сфатија дека е во тек принудно слетување. Спуштањето беше мошне меко, колку што можам да проценам. Никој не е сериозно повреден. Патниците по слетувањето си помагаа едни на други, а на пилотот му честитаа, му се заблагодаруваа и му аплаудираа“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња