Путин клекна пред мала балерина (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Шефот на руската држава Владимир Путин се сретна на Крим со деца примени во Академијата за кореографија во Севастопол.

Путин го посети изведувањето на свитата од балетот „Спартак”, со кој беше отворен III Меѓународен фестивал на опера и балет во Херсонес. На паузата претседателот се сретна со 20 ученици и ректорот на академијата, првенецот на Баварскиот национален балет Сергеј Полунин, пренесува ТАСС.

Се работи за деца од шест-седум години. Тие бараа од претседателот автограми и го испратија Путин до врата.

Со еден од учениците на Академијата за кореографија во Севастопол Путин се ракуваше, а пред мала балерина се спушти на коленото и ѝ бакна рака.

Путин рече дека Полунин е „многу популарен уметник“ и затоа ќе било „одлично“ доколку тој има време да работи со млади ученици.

Полунин во балетот „Спартак” ја игра улогата на Крас. По претставата претседателот на Русија отиде зад сцена, им се заблагодари на уметниците и рече дека балетот е многу убав.