Владислав Третјак потсети дека на Зимските олимписки игри 2018 година на Русите им беше забрането да ги користат грбот и знамето.
„Но, ние се досетивме и секому на внатрешната страна на сакото му го зашивме знамето и слоганот „Русија е во моето срце“. Никој не ни можеше да претпостави“, рече Третјак.
Владимир Путин коментираше дека „таквите досетки“ му се одлично познати од неговата претходна работа.
Состанокот се одржа во образовниот центар „Сириус“ во Сочи, каде претседателот присуствуваше на семинар за играчи и тренери на млади регионални хокеарски тимови, што се одржува како дел од националната програма за подготовка на хокеари „Црвена машина“ (Красная машина).
Претседателот на учесниците на семинарот им посака многу успех во работата, а тие му подарија хокеарски дрес маичка со логото на програмата „Црвена машина“ и направија заедничка фотографија за спомен.
Колку за потсетување, руската репрезентација на Зимските игри во Пјонгчанг немаше право да учествува под своето знаме поради скандалот со допингот. Исто така, треба да се каже дека руските спортисти веќе се официјално поканети на Летните олимписки игри во Токио што ќе се одржат догодина.
На Зимските олимписки игри 2018 година руската хокеарска екипа го освои златниот медал со победувајќи ја во завршниот турнир Германија во продолженијата со резултат 4: 3.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче