Путин ѝ даде ветување на 15-годишна блогерка

Kremlin.ru
Претседателот на Русија Владимир Путин, одговарајќи на прашање на блогерка во текот на „Директната линија“, вети дека лично ќе го набљудува спроведувањето на „отпадната реформа“ во земјата.

Во текот на „Директната линија“ Владимир Путин доби прашање од 15-годишната блогерка Катја Адушкина: ученичката го праша рускиот лидер за спроведувањето на „отпадната реформа". Таа забележа дека во Русија сѐ уште стои проблемот со преработката на цврстиот комунален отпад (ЦКО).  

На претседателот му беа покажани и снимки на планини од отпад во различни делови на Русија.

Путин потенцираше дека преработката на цврстиот отпад е голем проблем кој „не е од вчера“, а работата за негово решавање почнала едвај пред 2-3 години.

Според Путин, проблемот го отежнува фактот што општеството „во голема мера е „консумеристичко“. Се појавуваат нови пакувања и се користи многу пластика. Во меѓувреме во Тихиот океан се формираат острови од отпад големи колку една средна европска земја.  

Тој исто така изјави дека прикажаното на снимката е „безобразие“ и е неопходно да се дознае во кои региони се случува.

Претседателот изрази надеж дека наскоро во таа ситуација „ќе биде воведен ред“, а тој лично ќе ја следи реализацијата на „отпадната реформа“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња