Путин во Екатеринбург го нагости малиот Владимир од големото семејство Сиропјатов

Global Look Press

Претседателот на Русија Владимир Путин се сретна во Екатеринбург со семејството Сиропјатов кое има девет деца, а со кои се запозна на врачувањето на орденот „Родителска слава“ во Кремљ.

Видеото го објави новинарот на кремљовскиот пул Дмитриј Смирнов на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.

„Што му се случило“, праша Путин.
„Синоќа ги направи своите први три чекори“, рече мајката на детето.„Падна?“, праша Путин.
„Падна”, одговори таа.
„Оф, оф, оф“, реагираше претседателот.

На второто видео Путин му дава на детето кекс.

„Помислив дека ќе ја изеде хартијата“, рече Путин, хранејќи го малиот Владимир.

Таткото на детето, Максим Сиропјатов, работи како монтер во локалниот огранок на „Руски железници“, а мајката, триесетипетгодишната Лилија, се посветила на одгледување и воспитување на децата. Тие имаат девет деца, најстарата ќерка има 15 години и оди во осми клас, а најмладиот син Владимир се роди минатата година. Тие пред месец дена се преселија во нов стан, а Путин го интересираше и дали успеале удобно да се сместат.

Путин ги врачи ордените „Родителска слава“ на многудетните семејства кон крајот на мај во Кремљ на свеченоста на која ѝ дадоа печат пред сѐ децата со својата волшебна непосредност и љубопитството, што е документирано во телевизиските репортажи како што е онаа на телевизијата „Русија 24“. Едно дете, откако се симна д бината со членовите на своето семејство, се врати да му шепне на Путин дека нивното семејство наскоро ќе биде побогато со уште еден член, затоа што мама очекува бебе. Кога го прашаа новинарите зошто еден момент на своја рака се решил да се врати, тој малку се замисли и одговори: „Па тој е претседателот на државата”.

Во склоп на посетата на Екатеринбург Владимир Путин учествуваше на самитот ГМИС-2019, ја посети меѓународната економска изложба „Иннопром” и разговараше со студентите на Уралскиот федерален универзитет.

Прочитајте повеќе: Како еден мал дегустатор стана ѕвезда на приемот за многудетни семејства во Кремљ (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња