Епизода на руската анимирана серија „Маша и мечокот“ има преку 4 милијарди прегледи на „Јутјуб“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

„Денес „Маша плус каша“ е единствениот анимиран клип меѓу десетте најгледани во целата историја на „Јутјуб“, соопшти прес-службата на филмската компанија „Анимаккорд“. „Маша плус каша“ со 4 милијарди прегледи е четвртиот најпопуларен клип на „Јутјуб“.

Руската анимирана серија годинава го прослави својот десетти роденден. Преведена е на 36 јазици и ја гледаат во повеќе од 100 земји во светот.

Инаку, повеќе од милијарда прегледи на „Јутјуб“ имаат уште две епизоди на „Маша и мечокот“: „Пријатно“ има повеќе од 1,3 милијарди прегледи и „Големото перење“ повеќе од 1,1 милијарди.

Серијата „Маша и мечокот“ веќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како нагледаниот цртан филм „Јутјуб“.