Руската филијала на „Гринпис“ заедно со дигиталната агенција Isobar Moscow започнаа социјална кампања со помош на популарната апликација FaceApp со која може да се остарат лица на фотографии.
Целта на „Гринпис“ е да покаже како Русија може да изгледа во годините што доаѓаат ако не поработи на подобрување на еколошката ситуација на планетата.
На пример, во блиска иднина, Бајкалското Езеро - најголемото езеро на светот, може да пресуши.
Hollyrik Photography/Greenpeace
На Санкт Петербург му се заканува поплава која ќе ги потопи архитектонските споменици.
Hollyrik Photography/Greenpeace
Мразот на Арктикот мoже целосно да се стопи. Според „Гринпис“, ќе настрадаат не само луѓето, туку и животните.
Hollyrik Photography/Greenpeace
„Научниците одамна се согласија дека човечката активност е виновна за денешните климатски промени. Човештвото гори јаглен, нафта и гас, што доведува до емисии на штетни гасови. Со овие неконтролирани емисии ја претворивме нашата атмосфера во депонија“, вели Полина Каркина, координатор за клима и енергија на „Гринпис Русија“.
Според неа, „Ние треба да го шириме зборот дека човештвото е на работ на катастрофа. А промените можат да дојдат само ако престанеме да се однесуваме како да ќе нема утре“.