Швајцарски научници: До 2050 година Москва потопла за 5,5, Скопје за 6,9 степени Целзиусови

Комсомољскаја правда/Global Look Press

Швајцарските научници, кои за 520 градови во светот направија модели на можните климатски промени, утврдија дека просечната температура во Москва до 2050 година би можела да биде повисока за 5,5 степени Целзиусови, каква што е денес во Софија, пишуваат британските медиуми.

Како што пишува „Гардијан“, научниците сметаат дека, ако се земат предвид 19 климатски параметри, меѓу кои се промената на температурата и врнежите, за триесет години во Лондон (плус 5,9 степени) лете ќе биде топло како што е денес во Барселона. Во Мадрид временските услови ќе бидат такви какви што се денес во Маракеш во Мароко, а во Стокхолм како денес во Будимпешта. Во Скопје температурата до 2050 година ќе биде повисока за 6,9 степени.

Љубљана, главниот град на Словенија, ќе има највисоко затоплување од +8 степени Целзиусови.

Според зборовите на научниците, во градовите ширум Европа лете ќе биде потопло за 4,7 степени, а зиме за 3,5 степени Целзиусови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња