Климатолозите предвидуваат: Глобалното затоплување ќе ги натера луѓето да навалат на Сибир

Река во Сибир

Река во Сибир

Зголемувањето на просечната годишна температура ќе ја направи климата во Сибир до 2080 година помалку сурова и многу повеќе достапна за живот на луѓето, констатираат руски и американски климатолози во написот објавен во текст објавен во списанието Environmental Research Letters.

Во тој случај, ако ефектот на стаклена градина не биде запрен, јануарските температури во Сибир ќе пораснат за девет степени Целзиусови, јули ќе биде потопол за 5,7 степени, а нивото на врнежи ќе биде повисоко за 140 милиметри. Климата ќе стане поблага, а површината на вечно замрзната почва ќе се намали до 2080 година за 25 проценти, забележува Елена Парфенова од Институтот за шумарство на Сибирското одделение на Руската академија на науки во Краснојарск.

Арктикот, заедно со планинските глечери, останува еден од најчувствителните региони во однос на глобалното затоплување. Во последно време, просечните годишни температури во Заполархето веќе пораснаа за шест до седум степени. Според мислењето на научниците, во иднина топењето на арктичкиот мраз значително ќе влијае на циркулацијата на струите и ќе доведе до неповратни промени на климата на Земјата во целина.

Како клучни индикатори на затоплувањето се земаат две појави – поместувањето на климатските зони, а со тоа и миграцијата на претставниците на растителниот и животинскиот свет, како и промените поврзани со доаѓањето на годишните времиња, наведуваат научниците. Како што истакнуваат тие, неодамна се покажа дека во рускиот и канадскиот дел од Арктикот пролетта пристигнала две-три недели пред време, а темпото на топење на вечниот мраз и брзината на повлекувањето на глечерите практично се зголемиле двојно.

Според Памфилова и нејзините колеги, овие процеси ќе се одразат многу негативно врз функционирањето на веќе постојната арктичка инфраструктура, а би можеле да доведат и до сериозни промени во екосистемите.

Од друга страна, климатските промени, како што се наведува во текстот, би можеле прилично да го олеснат животот на луѓето, со тоа што зимите ќе бидат помалку остри, а земјиштето поплодно и подостапно за обработка. Така, подрачјата во источен Сибир, на Далечниот Исток, Алјаска и на канадскиот Арктик би можеле да бидат далеку поатрактивни за луѓето отколку јужните делови, каде што ќе станат постојани жегата и сушите.

Затоа руските и американските истражувачи се обидоа да ги предвидат промените во животот во азискиот дел на Русија. Со таа цел, тие ги применија актуелните климатски модели, како и две сценарија за развој на настаните развиени од страна на Панелот за климатски промени на Обединетите нации.

Покрај тоа, научниците на помош ги имаа социјално-географските карти на Сибир и на Далечниот Исток, изработени од советски географи и економисти. Како што истакнуваат, главната одлика на овие терени е тоа што тие немаат области со „поволни“ или „најповолни“ климатски услови.

Меѓутоа, тие ќе се појават, дури и ако емисиите на стакленички гасови бидат максимално запрени. На тој начин, густината на населението во азискиот дел на Русија би можела да се зголеми за пет пати, како и атрактивноста на тие подрачја, а површината на реоните, апсолутно непогодни за живот, намалена на половина.

Доколку меѓународната заедница не успее да го запре зголемувањето на емисиите на стакленички гасови, климата во Сибир и на Далечниот Исток ќе биде уште поповолна. Според научните предвидувања, во тој случај погодна за живот би била една третина од тоа подрачје.

Азискиот дел на Русија засега останува едно од најстудените места на планетата Земја. Во иднина, кога климата ќе биде потопла, и земјиштето ќе стане многу поплодно и ќе обезбеди можност за живот. Меѓутоа, во моментов ниту во Сибир ниту на Далечниот Исток ја нема потребната инфраструктура која би влијаела на побрз развој на новите подрачја, заклучува климатологот.

Прочитајте повеќе: Во Русија пронајдено решение за глобалното загревање

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња