Во последниве 6 години од рускиот Арктик се отстранети повеќе од 80.000 тони ѓубре

Reuters

Рекултивирани се над двесте хектари земјиште, рече министерот за природни ресурси и екологија на Русија Дмитриј Кобилкин.

Повеќе од 80 илјади тони отпад се однесени од рускиот Арктик од 2012 година до денес, рече на Меѓународниот арктички форум министерот за природни ресурси и екологија на Русија Дмитриј Кобилкин.

На просторот на рускиот Арктик идентификувани се 102 загадени територии. Почнувајќи од 2012 година до денес спроведени се над двесте акции за чистење, однесени се повеќе од осумдесет илјади тони отпад, и рекултивирани над двесте хектари земјиште, рече Кобилкин на сесијата на форумот „Арктикот во иднина: одржливи решенија“.

Како што нагласи министерот, според националниот проект „Екологија“ од 2019 година, во големите индустриски центри како што е Нориљск, предвидено е намалување на емисијата на загадувачки материи во воздухот, а потоа рекултивација на земјиштето во пет субјекти на Руската Федерација кои влегуваат во Арктичката зона, унапредување на еколошкиот статус на северните езера, реки и акумулации, подобрување на снабдувањето со вода за пиење, како и обновување на исечените шуми.

Петтиот меѓународен арктички форум „Арктик територија на дијалог“ се одржa во руската северна престолнина Санкт Петербург. Темата на годинашниов собир е насловена како „Арктик. Океан на можности“, а организатор на манифестацијата е фондацијата Росконгрес, пренесува агенцијата ТАСС, која е медиумски партнер на собирот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња