Кирил Терешин, познат билдер во Русији билдер под прекарот „Раце-базуки“ и, како што се покажа, на Запад познат и како Попај, се реши да си ги спасува рацете и животот со операција во Лондон. Така барем раскажа за британскиот таблоид „Сан“ (The Sun).
Единствениот проблем е во тоа што Попај нема доволно пари за операцијата (како што немаше ни за синтолот, па се „напумпа“ со она што му беше при рака: шест литри микс од маслиново масло, бензил алкохол и лидокаин).
vk.com/slacker26rus / Global Look Press
За опасноста дека порано и порано ќе остане без раце на Терешин уште одамна му кажуваат лекарите, но Кирил токму поради набабрените бицепси стана медиумска ѕвезда. Со оглед на тоа дека веројатно и не знае како да заработи пари без своите „базуки“, малку нѐ чуди што бара од добрите луѓе 3 милиони рубли (£37,760) за операција во Лондон.
vk.com/slacker26rus / Global Look Press
Ќе наседне ли некој на оваа провокација? Прашањето е особено интересно бидејќи неговата сега веќе бивша девојка, исто така блогерка позната како Олесја Малибу, претпостави дека Кирил се разбира дека не сака операција, туку собира пари за стан во Москва.
vk.com/slacker26rus / Global Look Press
А можеби на рускиот Попај, што вели народот, му дошол памет во глава по оној шамар што го доби при блиската средба со сибирскиот сирова сила Васја Пељменот? Да се потсетиме како изгледаше тоа: