„Од фрик во човек”: Русинот со „раце-базуки” одлучи хируршки да ги отстрани воспалените бицепси

Ruptly

Русинот Кирил Терешин („принцот на синтолот“), кој стана познат по огромните „раце-базуки“, во наредниве неколку месеци хируршки ќе отстрани дел од своите бицепси. Видео-обраќањето за своите планови за во иднина ги објави на Telegram-каналот.

„Оваа година ќе имам тешка операција на рацете“, рече Терешин. Тој објасни дека неговиот организам се наоѓа во состојба на „тешко воспаление“.

Терешин планира по интервенцијата да тренира интензивно и да се храни правилно за да постигне тежина од 110 килограми. Тоа му е неопходно за да може да учествува во професионални борби. Според зборовите на Терешин, неговата цел е „трансформација од фрик во човек”.

Претходно овој младич објави на социјалните мрежи дека страда од тромбоза. Лекарите му препишаа терапија која ќе ја подобри неговата здравствена состојба. Дури по медикаментозната терапија е можно хируршки да се отстранат делови од бицепсите.

Терешин се прослави кон крајот на 2017 година откако на социјалните мрежи и во некои телевизиски емисии ги покажа своите раце, зголемени со инјектирање синтол. Поради необичниот изглед го доби прекарот „Раце-базуки”. Оттогаш овој младич со своите ексцентрични постапки повеќе пати го привлекуваше вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Прочитајте повеќе за петте најпознати фрикови во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња