Веднаш по распадот на Советскиот Сојуз, Русија се најде во длабока економска криза која предизвика драстичен раст на криминалот. Таканаречените „диви 90-ти“ беа период на немилосрдни мафијашки пресметки, престрелки и пљачки.
А пред руските жестоки момци да бидат ликвидирани, да се најдат во затвор или да преминат во легални води и станат „почитувани“ бизнисмени, тие се возеа токму во вакви автомобили.
Единствениот руски автомобил на овој список, ВАЗ-2109 беше брз, релативно сигурен и евтин. Колата ја возеа и луѓе кои немаа допирна точка со мафијата, и опеан е и во популарните песни од тоа време.
И покрај популарноста на продукцијата на ВАЗ, довчерашните Совети беа сити од домашната автоиндустрија и мечтаеја за странските коли кои го преплавија пазарот по распадот на земјата. ВMW 525i стана симбол на руските 90-ти. Со брзиот германски автомобил бандитите бегаа од полицијата која сѐ уште едвај се движеше возејќи сделано в СССР.
Уште еден модел на БМВ Русите го паметат по тоа што во 90-те беше дупчен со куршуми како швајцарско сирење.
Американските автомобили посебно беа ценети во Москва и околината. Преголемата и несмасна „Линколн“ лимузина сепак кажуваше многу за статусот на оној што ја возеше. Во Русија по правило тоа беше припадник на елитата во криминалниот свет, тнр. „крадец во законот“ (рус. „вор в законе“).
Лимузините тешко се пробиваа низ тесните улици на Санкт Петербург. Во северната престолнина на Русија бандитите ги симпатизираа Volvo и Saab од блиското соседство.
Луксузните автомобили сепак не беа најдобриот избор за лошите руски патишта. Затоа жестоките момци возеа теренци како Grand Cherokee. Можеби џипот и голта многу бензин, но горивото тогаш беше многу евтино.
Шефовите на мафијата не беа луди по ова теренско возило дизајнирано пред сѐ за потребите на германската и иранската војска. Mercedes Gelandewagen беше премногу бучен и тесен за нив, но не и за телохранителите.
Тешкиот, јак и брз Mitsubishi Pajero ја играше улогата на тенк во борбите за превласт во подземјето. Веќе рековме дека вообичаената слика на тие години беше изрешетаниот БМВ 7. Pajero беше автомобилот кој најчесто го дигаа во воздух.
Ако за Американците тоа беше обичен семеен автомобил, во Русија превезуваше барем девет членови на една вооружена банда.
Сонот на сите руски бандити, тронот на тркала, „кабан“, односно вепар, како што беше наречен во Русија, во деведесеттите години страдаше од куршуми и експлозив повеќе отколку сите други автомобили заедно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче