Саша Македонски им има пресудено на некои од најпознатите руски криминалци од деведесеттите години од минатиот век. Прекарот го добил поради „пукањето на македонски начин“ (израз кој влегол во рускиот јазик уште кон крајот на 19 век, а значи истовремено пукање од два пиштола или од два револвера).
Тој е веројатно најпознатиот руски платен убиец од крајот на минатиот век. Бил смел и го следела среќата. Неговите злосторства се опишани во 2 играни филма, во 9 серии, во 3 книги и во многу документарци.
Роден во 1960 година Македонски минал низ добра воена обува во тенковската единица на советската армија кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век. Во раните осумдесетти се вработил во милицијата, но по шест месеци бил отпуштен поради сурово однесување со уапсените. Се врати во својот роден град Курган и се вработил како гробар.
На списокот на жртви на Саша се најпознатите руски мафијаши од деведесеттите години од минатиот век. Некои извори велат дека тој никогаш не планирал детално убиство и се раководел по интуиција. Некои ситуации докажуваат дека тоа навистина било така.
По бранот ладнокрвни убиства, неколку апсења (трипати има избегано од притвор, еднаш скокна низ прозорецот од судницата и избега со погребно возило што го чекаше пред влезот во судот), избега во Атина. Имаше изнајмено куќа во која живееше со својата 22-годишна девојка манекенката Светлана Котова.
Македонски ги прекина сите врски со своите работодавачи и нивните односи се влошија до таа мера што Саша ги користел нивните фотографии како мета за вежбање пукање. Искусниот убиец не ни размислувал за тоа дека неговата куќа ја следи, ја снима и ја прислушува не само грчката полиција, ами и руската мафија.
Водачите на руската мафија решија да не чекаат кога Македонски ќе ги нападне и по неговата душа го испратија вториот најпознат убиец – Саша Солдат. Тие двајца добро се познаваа и Македонски со задоволство дошол со својата девојка во куќата каде бил сместен Солдат со уште двајца „пријатели“.
Наскоро грчката полиција ги нашла телата на Македонски и на Котова закопани на различни места. Саша го удавиле, а на Светлана ѝ ја скршиле подјазичната коска и потоа ја распарчиле.
Саша со прекар Солдат (војник) има завршено музичка школа, работел во фабрика за опрема за космонаутика во Москва, а потоа добил повик за војска. Стасал во елитната морнарска пешадија. Го засакал воениот живот и барал да го испратат на фронт во Првата чеченска војна во 1994, но тоа не се остварило.
Несреќен поради тоа што неговата воена кариера не напредува, Солдат се впуштил во ноќниот живот. По тепачка во еден бар членовите на една московска банда му нудат да им се придружи.
Така Саша конечно добил можност да ги покаже своите смртоносни способности кои ги стекнал во војска. Солдат бил особено инвентивен кога ги планирал убиствата, а масакрирањето била една од неговите главни одлики. На пример, еднаш им се приклучил на група ѕидари и со денови работел со нив, а потоа ги однел во ресторан каде обично наминувала неговата нова жртва.
Убивал кога најмалку го очекувале и стекнал углед на талентиран глумец и немилосрден џелат. Конечно е уапсен во 1999 година и осуден на 24 години затвор, што значи дека за шест години ќе стане слободен човек.
За разлика од Македонски и од Солдат, Куциот (хромой) Макс немал никакви разочарувања и неуспеси во животот. Весникот „Комерсант“ пишуваше дека неговите новинари имале можност да разговараат со него и оти стекнале впечаток дека тој не е никаков убиец. Повеќе личел на бизнисмен кој тргува со нафта и кој има четири приватни авиони.
Зад таа маска сепак се криел крволок. Куциот Макс (ја повредил ногата во сообраќајна незгода) не само што изнудувал пари од бизнисмените и ги убивал своите соперници. Ами и има организирано повеќе терористички напади во Москва.
Познат е по својот брутален и дрзок приод на „работата“. Во 1993 година тој и неговите луѓе отворија оган од автоматско оружје во строгиот центар на Москва и убија петмина должници. Истата година Макс се ската со работниците на едно паркиралиште. Се вратил подоцна и фрли бомба на нив.
Неговиот список на жртви се чини бескраен, но полицијата најпосле го апси во 1996 година. За поседување оружје без дозвола и за користење лажни документи осуден е (на општо чудење) на само две години затвор, така што го одлежа своето до крајот на судскиот процес.
Куциот Макс стана религиозен. Што беше пуштен од затвор во 2000 година беше убиен во близина на една црква во Московската област. Кој го нарачал неговото убиство и кој пукал во него никогаш не се дозна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче