Во Република Коми во Русија полицијата ги утврди околностите под кои се случи инцидент со маж кој од детска градинка место својата, зел туѓа ќерка.
Како што за РИА „Новости” соопшти прес-службата на републичкото МВР, полицијата на 8 мај ја известил за инцидентот директорот на детската градинка во Уст-Вимскиот реон на Република Коми.
Човекот дошол во градинката по својата 6-годишна ќерка, но ги смешал децата и дома одвел туѓо девојче.
Дури на куќниот праг сфатил дека тоа не е неговото дете. Расеаниот татко го вратил туѓото девојче и им го предал на воспитувачките.
Полицијата истакнува дека мажот бил трезен. Не се наведува дали потоа го одвел дома своето дете.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче