Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун по преговорите во Владивосток му подари на претседателот на Русија корејски меч.
Ким Џонг Ун истакна дека тој меч е „олицетворение на силата, олицетворение на душата - мојата и на нашиот народ кој ве поддржува”.
Путин му се заблагодари на Ким Џонг Ун за подарокот и се ракуваше со него.
Reuters
Рускиот претседател притоа објасни дека во Русија според народните верувања се смета дека подарувањето оружје не е добар знак. Затоа на Ким Џонг Ун му даде една паричка, за да симболично го „купи“ мечот од него.
Reuters
Путин му возврати на корејскиот претседател подарувајќи му метални држачи со дршка за чаши и сабја.
Reuters
На островот Руски кај Владивосток денес се одржаа преговори меѓу Владимир Путин и Ким Џонг Ун.