Руското пиво, црниот леб и павлаката станаа омилена храна во Северна Кореја

Жителите на Северна Кореја кои долго престојувале и работеле во Русија се навикнале на руската храна и кулинарската традиција, така што дома сакаат да консумираат руско пиво, црн леб и павлака, соопшти руската амбасада во Северна Кореја.

Пазарот на стоки во Северна Кореја е преполн со производи од домашно производство, како и со оние од увоз. Руските прехранбени производи, козметиката, галантеријата и друго имаат значаен удел. Овде има многу наши производи и од месец на месец ги има сѐ повеќе, пишува на „Фејсбук“ страницата на руската амбасада.

Како што се наведува, десетици илјади жители на Северна Кореја работеле во разни региони на Русија по неколку месеци, каде што се навикнале на локалната храна и кулинарската традиција.

Затоа, не треба да чуди што овде многумина ја преферираат нашата „Балтика“ (посебен респект ужива „седмицата”), во однос на, да речеме, кинеското пиво, и дека ги засакале црниот леб и павлаката, истакнуваат од руската амбасада.

Како што се нагласува, и руските лекови уживаат голема доверба. Севернокорејската фармакологија, инаку, е изградена во принцип врз советското искуство, се наведува во соопштението.

Како што вчера соопшти службата за односи со јавност на Кремљ, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе се сретне со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во втората половина на април во Русија.

Прочитајте повеќе: Северна Кореја ја моли Русија за помош: Педесет илјади тони жито на дар

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња